Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција зборуваше за можностите за постигнување мир во Украина, нагласувајќи дека Русија е подготвена веднаш да ја запре војната.
Според него, токму Европа е таа што постојано ги истакнува подготовките за војна против Русија, иако Русија нема освојувачки аспирации кон Европа.
„Подготвени сме да соработуваме со вас, со Обединетото Кралство, со Европа како целина и со Соединетите Американски Држави, но само на рамноправна основа и со меѓусебно почитување. Ако на крајот дојдеме до тоа, сите ќе имаат корист од тоа“, рече Путин.
Путин ја искористи можноста да ги обвини украинските власти дека се „украински националисти“, истакнувајќи дека целта е да се создаде слика на непријател од политичкото раководство на Русија.
„Подготвени сме веднаш да ги запреме непријателствата, обезбедувајќи ги безбедносните услови на Русија на среден и долг рок и подготвени сме да соработуваме“, рече Путин.
The post Путин: Русија е подготвена веднаш да ја запре војната во Украина, немаме намера да ја нападнеме Европа appeared first on Во Центар.



