Американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, е меѓу дипломатите од кариера кои беа отстранети од функцијата како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп, која вклучуваше промена на амбасадори во околу 30 земји.
Ова го потврди и Амбасадата на САД во Скопје, додавајќи дека Амбасадата ќе продолжи да функционира нормално за време на процесот на транзиција.
„Длабоко сме благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во текот на изминатите три години и сме посветени на обезбедување непречена и ефикасна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и на нашите дипломатски односи“, се вели во соопштението на Амбасадата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



