Николоски: Македонска пошта следниот месец ќе биде опремена со 100 нови возила

Следниот месец, Македонска пошта ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 поголеми комбиња, од Владата, што ќе помогне во подобрувањето на условите за работа, изјави денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што информираше Николоски на состанокот организиран од Агенцијата за пошти, се работи и на програма за дополнителна поддршка на Поштата.

„Исто така, работиме на програма што ќе значи дополнителна помош за Македонска пошта во однос на софтверот, машините за сортирање, просторните услови и можноста да се понудат најдобрите услуги на пазарот. Во овој поглед, соработката со Агенцијата има клучна улога“, рече вицепремиерот.

Во својот говор на состанокот, Николоски нагласи дека условите на пазарот на поштенски услуги мора да се променат.

„Мојата цел е Македонска пошта да расте, а не да се уништува, или сите ќе го носат товарот подеднакво, или ќе донесуваме други одлуки“, нагласи Николоски.
The post Николоски: Македонска пошта следниот месец ќе биде опремена со 100 нови возила appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: