Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40 милиони денари, додека сега имаме 400 милиони денари на сметката на градот

Градоначалникот на градоначалникот на град Скопjе, Орце Ѓорѓиевски, го презентираше општинскиот буџет за 2026 година, притоа велејќи дека наследил еден од најлошите квартални извештаи во историјата на општината.

„Денес го презентираме Буџетот за Градот Скопјe за 2026 година, но мора отворено да зборуваме и за реалноста што ја наследивме, еден од најкатастрофалните квартални извештаи во историјата на градот, од времето на Петре Шилегов и Данела Арсовска. За девет месеци се реализирани приходи од 2.856.417.717 денари, што значи просечно само 317.379.746 денари месечно. Во претходните години ситуацијата беше слична, а честопати и полоша. За споредба, за само 40 дена остваривме приходи од 659.493.349 денари, речиси двојно повеќе од кој било месечен резултат во минатото“, пишува Орце Ѓорѓиевски.

„Наследивме 40 милиони денари на сметката на Општината Градот. Од првиот ден од мојот мандат, не е донесена никаква извршна одлука за исплата на 48 милиони денари, плус дополнителни 3 милиони денари од договорите. Наследивме јавни претпријатија и културни установи преоптоварени со долгови и уништени. Наследивме хаос во образованието, каде што со години не е направено ништо суштинско“, изјави Ѓорѓиевски во соопштението.

Овој квартален извештај, додава тој, ги прикажува само долговите и неплатените кредити евидентирани во сметководството на Градот Скопјe. Не ги вклучува доспеани обврски, ниту пак најсериозните тужби.

„Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки. На 08.11.2025 година, јавните претпријатија не примиле плати за месец септември. Ова беше директен удар врз Буџетот на Градот Скопјe и достоинството на вработените. Некој си играше со нивната судбина. Со ребаланс на буџетот, им овозможивме на сите јавни претпријатија да добијат задоцнети плати. Само во ЈП „Паркови и зеленило“, поради законскиот лимит, успеавме да ги платиме сите придонеси за плата за месец ноември и една и пол нето плата“, нагласи Ѓорѓиевски.
The post Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40 милиони денари, додека сега имаме 400 милиони денари на сметката на градот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: