САД ѝ поставија ултиматум на српската НИС, руските акции мора да бидат продадени до март

САД ѝ дадоа рок на српската рафинерија за нафта НИС до 24 март да преговара за продажба на акциите на нејзиниот руски сопственик, објави српската државна телевизија РТС, а пренесува Ројтерс .

Сепак, РТС соопшти дека НИС не добил лиценца за работа што би му овозможила да купува и преработува сурова нафта.

Познато е дека Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД воведе санкции врз НИС во октомври, како дел од пошироките мерки против енергетскиот сектор на Русија.

Санкциите ги запреа испораките на сурова нафта преку хрватската JANAF, со што се прекина производството во рафинеријата во Панчево.

Рускиот „Газпром“ има удел од 11,3% во НИС. Српската влада поседува 44,9%, а остатокот го држат малите акционери и вработените.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „Газпром“ е во преговори со унгарскиот „МОЛ“ за можна продажба на неговиот мнозински удел во „НИС“.
The post САД ѝ поставија ултиматум на српската НИС, руските акции мора да бидат продадени до март appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: