Експлозија во џамија во Сирија, осум лица убиени

Осум лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија во џамија во сирискиот град Хомс.

Експлозијата се случила за време на петочната молитва во џамијата Имам Али ибн Аби Талиб во населбата Вади ал-Дахаб, објави АП.

Извор од безбедносните структури на земјата изјави за сириската новинска агенција САНА дека првичните истраги покажале дека експлозивите детонирале во џамијата.

Властите трагаат по сторителите на нападот, а околу џамијата е поставен безбедносен кордон, соопшти сириското Министерство за внатрешни работи.

Земјата доживеа неколку бранови на верски конфликти по падот на претседателот Башар ал-Асад.

Министерот за информации на Сирија го поврза нападот со „остатоците од поранешниот режим“ и „милитантите на ИСИС“.

„Остатоци од поранешниот режим, милитантите на ИСИС и нивните соработници се обединија околу една цел: попречување на патот на новата држава со поткопување на стабилноста, загрозување на граѓанскиот мир и еродирање на заедничкиот соживот и заедничката судбина на Сиријците низ историјата“, напиша сирискиот министер за информации на социјалната мрежа X.

Нападот беше осуден и од соседните земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан и Либан.

Пронајдете не на следниве мрежи: