Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство

По основ на македонско потекло, во изминативе 4 години вкупно 10.500 турски граѓани побарале македонско државјанство, објави Радио Слободна Европа.

Овие луѓе, според МВР, се државјани на Турција кои во македонските институции треба да докажат дека се иселеници од земјава и дека имаат македонско етничко потекло.

Во одговорот за РСЕ од МВР истакнале дека причината за порастот на бројот на баратели за македонско државјанство се должи на последните законски измени.

„Законските измени во 2021 година придонесоа за енормно зголемување на бројот на барања за стекнување на македонско државјанство од иселеници кои живеат во Република Турција“, велат од МВР.

Според податоците кои РСЕ ги доби од македонско-турската стопанска комора МАТТО, пак, за 2024 година бројот на регистрирани фирми со турски капитал од правни и физички лица изнесува 4.132.

Оттаму изјавиле дека бизнис-интересот произгледува од блиските македонско-турски односи.

Пронајдете не на следниве мрежи: