Поради пориви на ветер над безбедноската граница, ЈСП ја прекина работата на жичницата кон Водно сè додека не се стабилизираат временските услови, а службите ја следат состојбата на терен.
Поради силен ветер Жичницата на Водно во Скопје денеска нема да работи.
Од Јавното собраќајно претпријатие, во чија надлежност е управувањето со Жичницата, велат во објавата на ФБ дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците”, наведено е во нивната објава.



