Телефонски разговор меѓу Орбан и Вучиќ – главна тема енергетската безбедност

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговарал по телефон со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

– Со Виктор Орбан разговарав за моменталната состојба во однос на енергетската безбедност, како и за следните чекори насочени кон стабилизирање на ситуацијата во таа област.

Се осврнавме и на плановите за развој на регионална мрежа за транспорт, складирање и прием на енергетски производи, имајќи ја предвид приоритетната важност на стабилното снабдување со енергија за двете земји.

Дополнително, ја разгледавме позицијата на Србија на европскиот пат, како и геополитичката ситуација, со посебен осврт на односите меѓу Украина, Русија и ЕУ.

Благодарен сум на Унгарија и премиерот Виктор Орбан што се сигурен партнер на Србија во овие тешки времиња, објави Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: