(Видео) Протече „млеко“ низ реките и го обои Прилепското езеро – еколозите реагираат, институциите молчат

Еко активистите тврдат дека Присадска и Оревоечка Река повторно се претворени во бели потоци од мермерна прашина, а институциите си ја префрлаат одговорноста. „Спас за Прилеп“ бара итна реакција и јасно утврдување кој е надлежен за загадувањето што завршува во вештачкото езеро.

Иницијативата „Спас за Прилеп” одново алармира за загадување на реките кои го полнат прилепското вештачко езеро со мермерна прашина.

Двете реки – Присадска и Оревоечка Река се целосно обоени во бела боја веднаш над вештачкото езеро, и ова не е прв пат еко активистите од Прилеп да забележат ваква појава.

Од „Спас за Прилеп” во видеото велат дека се обратиле до Општина Прилеп и дека од надлежниот инспектор за животна средина добиле одговор дека општината не е надлежна за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: