Нема да нè замолчат, ќе бидат спречени обидите за уништување на СДСМ одвнатре, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ активирала организирана и координирана операција за уништување на СДСМ одвнатре.
„Целиот план беше создаден пред две недели, кога владата сфати дека ја губи поддршката од граѓаните по откритијата за имигрантите за пари и по отворањето на криминално-корупциски афери на највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ мислеше дека ќе нè ослаби и ќе нè замолчи, но погреши. Првиот обид за дестабилизација беше целосно откриен и не успеа. Сега сме посилни. Вчера , Јован Деспотовски дури и не се обиде да ја негира соработката со ВМРО-ДПММЕ, ниту текстовите координирани со Героски , туку објасни дека бил „ умерен “ во своето предавство . Сега на сите им е јасно кој предизвикувал немири во нашите редови – ВМРО- ДПМНЕ , и на сите им е јасно дека обидите за уништување на СДСМ ќе бидат спречени “ , соопштија од СДСМ .
The post СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја уништи нашата партија одвнатре, но ние нема да го дозволиме тоа appeared first on Во Центар.



