Американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот кој може да го доведе рускиот претседател Владимир Путин на преговарачка маса кога станува збор за војната во Украина и единствениот кој на крај може да го натера да склучи мировен договор, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Тој целосно ја разбира заканата што ја претставува Русија и сака да ја заврши оваа војна. А тоа значи дека мора да има компромиси. Така е секогаш кога станува збор за мировен договор. И Трамп целосно се согласува дека ни се потребни овие безбедносни гаранции како дел од мировниот договор. Трамп е единствениот кој може да го држи овој сојуз на куп“, изјави Руте во интервју за „Билд“.
Според зборовите на Руте, клучно е да се обезбеди Украина никогаш повеќе да не биде нападната по прекинот на огнот или по постигнувањето мировен договор.



