Нема лек за оваа болест: Многумина не знаат дека ја имаат – ова се симптомите

Научниците работат на развој на крвен тест што би можел да го предвиди степенот на ризик од хипертрофична кардиомиопатија (HCM), најчестата срцева болест.

Милиони луѓе во светот страдаат од оваа болест на срцевиот мускул предизвикана од промена во еден или повеќе гени, што е претежно наследна. Оваа болест може да доведе до компликации како што се срцев застој и абнормален срцев ритам,  објавува „Гардијан“.

Според извештаите, не постои лек за овој вид срцеви заболувања, а лекарите не знаат кои пациенти се изложени на најголем ризик од фатални компликации.

Сепак, научниците од универзитетите Харвард и Оксфорд сега пронајдоа начин да го предвидат тој ризик, според британскиот весник. Тест на крвта би можел да утврди кои пациенти се изложени на најголем ризик од компликации.

Симптоми

Симптомите на хипертрофична кардиомиопатија (HCM) вклучуваат отежнато дишење, болка во градите, замор, вртоглавица, несвестица (особено при напор), палпитации и оток на нозете и стомакот. Многу луѓе не покажуваат симптоми, но тие можат да се развијат со текот на времето, а болеста е честа причина за ненадејна смрт кај млади спортисти. Најчести симптоми:– Отежнато дишење– Болка во градите– Вртоглавица/Несвестица– Замор и слабост– Чувство на пулсирање и забрзано чукање на срцето– Оток– Сува кашлица

Во најновата студија, научниците го измериле нивото на протеин, N-терминален Pro-B-тип натриуретичен пептид, во крвта на 700 пациенти со HCM. Високото ниво на овој протеин е знак дека срцето работи премногу интензивно, а луѓето кои го имаат се изложени на поголем ризик од компликации, според студијата.

 

Директорката на Центарот за кардиоваскуларна хирургија на Харвард, Керолин Хо, изјави дека овој тип на анализа на крвта може да помогне навремено да се обезбеди соодветна терапија кај пациентите на кои им е потребна.
The post Нема лек за оваа болест: Многумина не знаат дека ја имаат – ова се симптомите appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: