По сведочењето на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски, дека поранешниот премиер гради зграда од 42 ката во Дубаи, истото го потврдија и Венко Филипче и СДС, обвинува денес ВМРО-ДПМНЕ.
И СДС и Филипче потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, од каде што двајцата имаат златни визи, но велат дека Филипче не е партнер во овој мултимилионски градежен проект.
Она што изгледа како дилема, а за која Филипче сè уште не дава одговор, е како и врз основа на што ја добил златната виза за Дубаи?
Некое време тврдеше дека златната виза ја добил поради преговори за работен ангажман во тамошната болница и дека сето ова ќе го докаже со факти и докази, но до денес, македонскиот јавен простор не виде никакви документи.
Од друга страна, за добивање златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од најмалку 500.000 долари во бизнис и недвижности.Затоа, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500.000 долари, во недвижности или во бизнис?“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со инвестициите во недвижнини во Дубаи, во истото јавно сведочење, Аврамски тврди дека и Заев и Филипче имаат станови таму и дека тој бил во зградата каде што двајцата ги купиле становите.
The post ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза и како ја добил appeared first on Во Центар.



