Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на воена опрема и логистички елементи, како и обука во контекст на продажба на оружје на Полска, во вредност од 200 милиони долари, соопшти Пентагон.
Исто така, беше одобрена продажбата на поморски патролни и извидувачки авиони П-8А и сродна опрема на Данска, во вредност од 1,8 милијарди долари, објави Ројтерс.
Главен изведувач за оваа продажба е Боинг, соопшти агенцијата.



