Јавното обвинителство не треба да молчи за криминалните тендери, туку треба да дејствува, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
„Обвинителството треба веднаш да отвори случај и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во Пошти, доделен на компанија на советник на ЗНАМ.“
Тимот за борба против корупцијата објави обвинувања и конкретни докази од информатор, вработен во Поштата, во врска со организирано испумпување на јавни средства и систематска кражба на пари од граѓаните.
Постојат основани сомневања дека преку корупциски шеми се трошат над 300.000 евра годишно, пари на граѓаните.
Како? Според наводите, околу 14 хигиеничари постојано отсуствуваат, а други работат со скратено работно време, и покрај фактот дека сите се платени со полна сума, како да се вработени и присутни цел ден.
Како се покрива сето ова?
„Со потпишување лажни дневници за отсутни хигиеничарки, лажни извештаи за наводно општи чистења што никогаш не се вршат“, велат од СДСМ.
Оттаму бараат Јавното обвинителство да отвори случај и итно да започне истрага
The post СДСМ: Јавното обвинителство треба да отвори кривична постапка за криминалниот тендер од 1,2 милиони евра appeared first on Во Центар.



