Уапсените лица се на возраст меѓу 19 и 31 година, а некои од нив, според информациите, им се познати на локалните полициски власти. Бруталното тепање меѓу две групи имигранти, Албанска и Македонска, ја загрижи локалната јавност во италијанскиот град Перуџа.
Инцидентот се случил во кафе-бар во регионот „Сан Систо“, а завршил со вистински хаос на улиците, во кој неколку лица биле повредени, а 11 други биле уапсени.
Според прелиминарните информации од истрагата, конфликтот не бил однапред испланиран, туку ескалирал кога еден од нив се фотографирал со мобилниот телефон. Вербалната расправија завршила со масовна тепачка, во која биле употребени столови, маси и стапови долги над 60 сантиметри. Во инцидентот биле вклучени и неколку романски државјани.
Ситуацијата дополнително се влошила кога двајца учесници во физичката пресметка, обидувајќи се да избегаат, со автомобил удрија во македонски државјанин, нанесувајќи му сериозни скршеници на двете нозе. Мажот подоцна бил хоспитализиран во болницата во Перуџа.Полицијата сè уште го истражува случајот, особено возачот и патниците во автомобилот, меѓу кои има и малолетно лице.
The post Крвава тепачка меѓу Македонци и Албанци во Италија appeared first on Во Центар.



