Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија во среда околу 15:26 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот е во Тихиот Океан, во близина на источниот брег на јапонскиот остров Хоншу, а длабочината била 19,3 километри, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Не беше издадено предупредување за цунами.
Јапонија се наоѓа по должината на огнениот прстен во Тихиот Океан, регион кој е високо сеизмички активен, а земјата има обемен систем за следење и известување за вонредни состојби.



