За време на новогодишната ноќ, директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, новогодишната вечер ја поминува заедно со дежурните тимови во Секторот 112, каде одблизу го следеше текот на работата и координацијата при приемот и обработката на итните повици. По тој повод, тој им ја честиташе Новата година на вработените, изразувајќи благодарност и поддршка за нивната посветеност, професионалност и постојана подготвеност да им стојат на располагање на граѓаните, и за време на празниците.
Дежурните служби во Единствениот број за итни повици 112, како и Секторот за операции и координација на ЦУК, и во новогодишната ноќ ја потврдија својата подготвеност и функционалност, обезбедувајќи стабилно функционирање на системот и навремена поддршка за граѓаните, во континуирана соработка со сите надлежни институции.



