Црквата Вонделкерк, стара 154 години, во Амстердам , Холандија, изгоре во пожар на новогодишната ноќ, а никој не беше повреден, објавија холандските медиуми.
Властите рано утрово објавија дека црквата е целосно изгорена и дека пожарникарите сè уште се борат со пожарот што избувнал кратко по полноќ за време на новогодишната прослава.
Како резултат на пожарот, делови од кулата и покривот се урнаа, поради што беше наредена евакуација и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија на околу 90 куќи во близина, објави NL Times.
Се истражува причината за пожарот.
Вонделкерк е изграден во 1872 година и служел како римокатоличка црква до 1977 година, а оттогаш се користи за организирање разни собири.
The post Црква стара 154 години изгоре на новогодишната ноќ: Тага во Амстердам appeared first on Во Центар.



