Трамп и Ердоган ќе разговараат телефонски во понеделник за Газа и Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган закажа телефонски разговор со Доналд Трамп за во понеделник, пренесува Ројтерс.

Како што изјави турскиот претседател за турските медиуми, кратко по петочната молитва, веќе е остварен телефонски разговор со Овалната соба.

Според она што го кажа, се очекува главната тема на разговорот да биде развојот на настаните во Газа, како и војната во Украина.

„Постојано сум во контакт со Путин, Зеленски, Трамп и лидерите на европските земји. Оваа недела, во Париз ќе се одржи уште еден самит, таканаречената „Коалиција на волјата“, на која турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува во мое име. „Во меѓувреме, ќе имам уште една комуникација со г-дин Трамп во понеделник околу 16 часот, и ќе имаме можност да разговараме за овие прашања, вклучувајќи го конфликтот меѓу Русија и Украина и ситуацијата во Палестина“, рече Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи: