Мицкоски: Возовите на брзата железница во Коридорот 10 ќе се движат со брзина до 200 км/ч

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со напредокот на модернизацијата на железницата, изјави дека проектите во железничката инфраструктура бележат значителен напредок, со фокус на Коридорите 8 и 10, модернизацијата на постојните железници и развојот на нови, побрзи железнички линии.

„Што се однесува до железничките проекти, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од начинот на кој напредуваат. Ќе ве потсетам дека, по застојот што беше со третата делница од Коридорот осум и железницата што конкретно го поврзува Куманово со Крива Паланка, и граничната точка со нашиот источен сосед Бугарија, тие почетни несогласувања, би рекол, се надминати.

Потпишавме договор со нашиот источен сосед, Брисел излезе со поддршка за изградбата на тунелот што треба да ги поврзе двете железнички пруги, односно железницата од нашиот источен сосед и нашата железница, и очекувам дека оваа година, полека, но сигурно, ќе се објави тендерот за изградба на она што условно се нарекува трета делница. Бидејќи ја започнавме првата, од Куманово до Бељаковце, втората, на која се работи од Бељаковце до Крива Паланка, и третата, од Крива Паланка до влезот во тој тунел. Тоа е проект со кој одиме напред“, рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека се развива проектот за брзата железница Коридор 10, која треба да ги поврзе Табаноц со Богородица. Таму патничките возови ќе се движат со брзина до 200 км/ч, додека товарните возови ќе се движат со брзина до 120 км/ч. 
The post Мицкоски: Возовите на брзата железница во Коридорот 10 ќе се движат со брзина до 200 км/ч appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: