ЦУК со апел за претпазливост: На одделни патни правци е евидентирана појава од ледени зрна – предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите

Центарот за управување со кризи ја известува јавноста дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

Пронајдете не на следниве мрежи: