Касиљас: По мундијалот оставам простор за младите

Голманот на шпанската репрезентација и на Реал Мадрид, Икер Касиљас, изјави дека неколкумина репрезентативци ќе се повлечат од националниот тим по Светското Првенство во Бразил.

Икер смета дека е неминовно да следи смена на генерацијата.

„Сакаме да не паметат како победници, секако ќе биде мошне тешко да ја одбраниме титулата од Јужна Африка, но така зборуваа и за Европското Првенство“ вели Касиљас.

„Огромен е мотивот да се повлечеме како победници. Многумина од нас ќе се повлечат, време е за младите играчи по 2014-тата година, но не треба да се грижиме, имаме на кого да го довереме националниот тим“ истакна голманот на Реал Мадрид.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: