Украдено оружје од ЈП „Паркови и зеленило“

Вчера во 9 часот наутро во СВР Скопје од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 2 до 5 јануари во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: