Мицкоски: Инфлацијата ќе биде околу 4% годишно

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата да биде околу 4% годишно.

Мицкоски предупредува на законски измени, за кои се очекува да резултираат со повисоки казни за синџирите супермаркети кои манипулираат со цените.

„Мислам дека инфлацијата за годината ќе биде околу 4 проценти. За ова зборуваме секој месец, а она што го правиме се чести проверки од страна на Државниот пазарен инспекторат.“

Чести инспекции од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ќе предложиме законски измени за следната година, со повисоки казни, за сите синџири на супермаркети кои го манипулираат Законот за нефер трговски практики, за некои од синџирите веќе имаме докази, и мислам дека ако продолжат вака, ќе мора да стават катанец на вратата“, рече Мицкоски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: