ВО ЉУБОЈНО ПОТЕКОА РЕКИ ОД РИДОТ КАДЕ БЕШЕ ГОЛАТА СЕЧА

Реки води потекоа низ улиците во преспанското село Љубојно поради денешните обилни дождови, носејќи со себе кал и земја од околниот рид каде летото во 2025 со гола сеча беше исечени 1.500 кубици даб од манастирската шума.

„Доколку не се спречеше сечењето на дрвјата , ситуацијата ќе беше уште полоша. Ова се случува при секој дожд од летото, па наваму“, велат жителите на Љубојно.

Сечата запре поради протестите на жителите кои траеја 4 месеци. Ги ставија во мирување кон крајот на декември 2025, откако Министерство за земјоделство, шумарство и водостаопанство ги исвести дека е побарано експертско мислење за состојбите во атарот на селото предизвикани со сечата, како и проценка колку таа е ризична по месното население, имотите и локалната инфраструктура.

Од Министерството рекоа дека по добивањето на експертското мислење, ќе ги преземат неопходните активности.

Извор: СДК

Пронајдете не на следниве мрежи: