Oд УХМР известуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.



