„Забременив на 17 години иако НИКОГАШ НЕМАВ ИНТИМНА ВРСКА – еве како се случи“: Исповедта што нè остави БЕЗ ТЕКСТ, а зад сè стои јасно медицинско објаснување

Кога видела две розови линии на тестот за бременост, Келси Микелсон не можела да поверува во тоа што гледа. Имала само 17 години, тинејџерка од традиционално, религиозно семејство и, како што вели, никогаш немала интимна врска. Токму затоа веста за нејзината бременост предизвикала шок – и кај неа и кај нејзиното семејство и околината.

Нејзината приказна подоцна привлече големо внимание од јавноста, а многумина ја нарекоа нејзината малолетничка бременост „беспрекорно зачнување“. Сепак, Келси истакнува дека ова не е чудо, туку ретка, но медицински објаснета ситуација.

Здравствен проблем во адолесценцијата

Келси, која сега има 34 години од Сент Џорџ во американската држава Јута, вели дека на 15-годишна возраст сфатила дека нешто не е во ред со нејзиното тело. Не можела да користи тампон, што ги натерало неа и нејзината мајка да побараат медицинска помош.

„Отидов на гинеколог со мајка ми. Тоа беше мојот прв преглед. Докторот потоа ми рече: „Душо, не можам ни малиот прст да го ставам““, рекла Келси, пренесува „ The Sun “.

Докторката не можела да изврши ниту основен гинеколошки преглед поради екстремно стеснетиот вагинален отвор. Ѝ било објаснето дека имала вишок ткиво на хименот, што физички ја спречувало пенетрацијата.

„Ми рече дека тоа не влијае на моето здравје и дека не е проблем, освен фактот дека не можам да имам интимни односи “, рекла оваа Американка.

Планот беше да се изврши хируршка процедура, позната како хименектомија, кога ќе наполни 18 години.

Врска без врска и неочекувана бременост

На 16-годишна возраст, Келси го запознала своето тогашно момче, Џејк. Од самиот почеток, вели таа, била искрена за својата здравствена состојба и фактот дека не може да има интимна врска.

„Му кажав сè и тој целосно го прифати тоа“, истакна таа.

Двојката имала интимни моменти, но без пенетративен секс. По една таква вечер, Келси забележала дека ѝ доцни менструацијата.

„Доцнеше две недели и почнав да паничам. Никогаш порано не ми се случило тоа“, рече таа.

Таа купи тест за бременост кој веднаш покажа позитивен резултат. Во неверица, купи уште десет тестови од различни производители – и сите беа позитивни.

„Кога отидов на лекар со мајка ми, веќе бев два месеци бремена“, изјави таа.

Подоцна дознала дека е можно сперматозоидите да влезат во вагиналниот канал без пенетрација. Имено, Келси имала непенетративен интимен контакт со својот партнер. За време на таков контакт, сперматозоидите можат да стигнат до надворешниот дел од вагиналниот дел, а потоа и во вагиналниот канал – ако се во негова блиску.

„Забременив без пенетрација и тогаш дознав дека сперматозоидите можат да патуваат многу далеку“, рече Келси.

Тежок период

Веста за бременоста беше тежок удар за младата девојка, не само поради нејзините години, туку и поради реакцијата на луѓето околу неа.

„Моите пријатели не ми веруваа“, рече таа.

Поради нејзините религиозни верувања и нејзиното тврдење дека немала сексуални односи, таа изгубила голем број пријатели.

„Ми рекоа дека лажам и дека едноставно не сакам да признаам дека сум имала секс. Тоа беше исклучително тежок период во мојот живот.“

Дури ни нејзината мајка на почетокот не била убедена дека бременоста е вистинска.

„Мајка ми мислеше дека тестот е лажно позитивен и дека нешто не е во ред со моето здравје“, рече Келси.

Бременост, брак и породување

За време на бременоста, Келси почнала сама да го растегнува вагиналното ткиво за да се подготви за природно породување. Шест месеци бремена, таа и Џејк се венчале затоа што сакале дете да дојде на свет преку брак.

Само тогаш, за прв пат во животот, таа имала сексуален однос.

„Беше екстремно болно бидејќи сè уште беше многу, многу стегнато. Немав нормални сексуални односи сè додека не се роди ќерка ми“, рекла таа.

Поради нејзината состојба, лекарите биле подготвени хируршки да го отстранат преостанатото ткиво за време на породувањето, бидејќи дури и тогаш им било тешко да извршат целосен карличен преглед.

„Размислуваа да отстранат дел од ткивото, но не мораа. Едноставно се распадна за време на породувањето“, рече Келси.

Џејк со неговата ќерка Зои 

Нејзината ќерка Зои се роди природно, без компликации, а тежеше 3,03 килограми.

„Ја крстивме Зои, што значи живот, полна со дух“, рече таа.

„Кога велам дека забременив без сексуален однос, го мислам буквално“, додаде таа.

Тие имаа уште четири деца.

Келси и Џејк денес Фотографија: Фејсбук

Келси и Џејк подоцна имале уште четири деца. Според неа, некои од последователните бремености се случиле дури и додека користела контрацепција, вклучително и спирала.

Денес, тие сè сеуште во брак и имаат пет деца.
The post „Забременив на 17 години иако НИКОГАШ НЕМАВ ИНТИМНА ВРСКА – еве како се случи“: Исповедта што нè остави БЕЗ ТЕКСТ, а зад сè стои јасно медицинско објаснување appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: