Водата во Скопје е безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ објавува дека водата во градот Скопје е безбедна за пиење.

„Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопјe, со цел подобро информирање на граѓаните на градот Скопјe, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.12.2025 до 02.01.2026 година зеде 147 примероци за физичко-хемиска анализа и 147 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.

„Според резултатите добиени од тестовите, сите примероци се во согласност со Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на Република Македонија, бр. 183/18)“, се вели во соопштението на JП „Водовод и канализација“.
The post Водата во Скопје е безбедна за пиење appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: