Џенифер Гарнер за разводот од Бен Афлек: Губењето на вистинско партнерство и пријателство беше тешко

Американската актерка Џенифер Гарнер неодамна се потсети на разводот од Бен Афлек.Во интервју за списанието Marie Claire UK, 53-годишната актерка, покрај тоа што зборуваше за својот сегашен живот и претстојната сезона од серијата на Apple TV+ „The Last Thing He Told Me“, даде и редок увид во фазата од својот живот што е поврзана со Афлек.

„Мора да бидеш паметен во однос на тоа што можеш, а што не можеш да поднесеш, а јас не можев да се справам со она што беше таму. Но, она што беше таму не беше тешко. Тешко беше распадот на семејството и губењето на вистинско партнерство и пријателство“, објасни таа.

Гарнер и Афлек, со кого ги има децата Вајолет Ан (20), Серафина Роуз (17) и Самуел (13), се разделија по десет години брак, а официјалниот развод следеше три години подоцна, во 2018 година.

„Вложувам голем напор да ги гледам моите луѓе што е можно повеќе бидејќи тоа е важно. Тука лежи вашата отпорност: таа е во вашите врски и во луѓето што ве носат низ тоа“, додаде таа.

Гарнер, која моментално е во врска со бизнисменот Џон Милер, исто така рече дека заедничкото родителство со Афлек, додека нивниот јавен живот е сè уште во центарот на вниманието, било најтешко.

Извор близок до поранешната двојка откри за списанието „Пипл“ дека Афлек го прославил Божиќ со Гарнер и нивните деца минатиот месец.

„Исто како што го прославија Денот на благодарноста заедно, Бен беше поканет да го прослави Божиќ со Џен и децата. Сега тие едноставно имаат оваа убава рутина што им одговара на сите“, открил изворот.
The post Џенифер Гарнер за разводот од Бен Афлек: Губењето на вистинско партнерство и пријателство беше тешко appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: