Студен бран утре во Македонија, минималната температура ќе биде -13 степени

Многу студено време во Македонија се очекува од утре. Во утринските часови во одредени делови во државата се очекуваат температури и до -13 степени, информираат од УХМР.

„Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.“, велат од УХМР.

Пронајдете не на следниве мрежи: