Во последните четири години: Иран ѝ испорача на Русија ракети и беспилотни летала во вредност од повеќе од 4 милијарди долари

Од октомври 2021 година, Иран ѝ испорача на Русија балистички ракети и беспилотни летала во вредност од околу 2,7 милијарди долари, а вкупните трошоци на Москва за иранско оружје од тогаш надминаа 4 милијарди долари за војната во Украина.

Овие испораки вклучуваат стотици балистички ракети со краток дострел од типот „Фат 360“, речиси 500 други балистички ракети со краток дострел и околу 200 ракети земја-воздух поврзани со системи за воздушна одбрана.

Иран, исто така, испорача милиони парчиња муниција и гранати, иако ова не го вклучува целиот список на она што Москва го купила од Техеран, бидејќи се очекува да биде испорачана дополнителна опрема.

Освен ракети, Техеран ѝ обезбеди на Русија и беспилотни летала „Шахед-136“. Иранската страна дури и го отстапи технолошкиот развој на ова беспилотно летало, кое сериски и под лиценца се произведува во Русија како „Геран-2“.

Проектната документација за производство на „Шахед“ чинеше 1,75 милијарди долари, а за руските воени напори во Украина и секојдневните напади врз украинската инфраструктура, ова оружје е од стратешко значење.

Меѓусебната продажба на оружје и воена опрема меѓу Русија и Иран е интензивна од двете страни, бидејќи официјална Москва ги потврди наводите за продажба на повеќенаменски авиони Су-35 на иранските воздухопловни сили.
The post Во последните четири години: Иран ѝ испорача на Русија ракети и беспилотни летала во вредност од повеќе од 4 милијарди долари appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: