Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повторно повикува на протест поради постојаното загадување и институционалното молчење.
Граѓанската иницијатива најави најави граѓанска блокада во среда, 21 јануари, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје ( правец кон Усје).

„Затоа што воздухот нема да се исчисти сам! Дојди на блокада!“, велат од таму.
Вакви блокади и протести се случуваа и минатата година, а граѓаните имаат една цел, да се престане со континуираното загадување и труење на жителите на градот предизвикано од Цемнтарниц Усје.



