Голманот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, изјави дека неговиот тренер има право да биде незадоволен на играчите кога екипата нема да победи.
Заостанувањето зад Барселона со 11 бодови и третото место на табелата по 14 одиграни кола во Примера Дивизија е нешто што ни најголемите песимисти во Реал Мадрид не го очекуваа.
Тешката ситуација малку се смири со победата над Атлетико Мадрид, со што Реал се наоѓа на второто место на табелата со табелата.
Голманот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, вели дека играчите се одговорни за оваа ситуација, бидејќи тактичките замисли на Мурињо не се спроведени и реализирани на дело на теренот.
„Мурињо со право е лут, бидејќи на теренот не се однесуваме онака како што сме се договориле. Ова го кажувам бидејќи тој е сосема фер со сите играчи. Со нив се се решава очи во очи“ изјави Касиљас.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: