Мартин Гоџовски од Варош го фати светиот крст во Охрид!

Мартин Гоџовски од населбата Варош во Охрид го фати светиот крстот од осветените води на Охридското Езеро.

Не е прв пат тој да е најсреќен меѓу оние кои се фрлаат по чесниот крст. Ова е втора година по ред како Мартин го вади светиот крст, а третпат учествува во светиот чин.

Голем број верници учествуваа во чествувањето на православниот празник Богојавление – Водици со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното положување на чесниот крст.

Оваа година за прв пат водите на Охридското Езеро ги освети и во нив го положи Чесниот крст новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј, кој и самиот вели дека Богојавление – Водици е еден од најважните настани, не само за градот Охрид, туку и за цела Македонија.

На Мартин први му честитаа градоначалникот на Охрид – Кирил Пецаков и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Пронајдете не на следниве мрежи: