(Фото) Пијан скопјанец удрил во бандера и паркирано возило во Маџари

Вчера по полноќ жителите на скопско Маџари ги разбудил силен удар предизвикан од сообраќајна незгода предизвикан од пијан граѓанин.

Од МВР велат дека настанот е пријавен во полиција и дека возачот удрил во бандера, метална ограда и два паркирани автомобили.

-На 19.01.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.”Благоја Стефковски” во Скопје, патничко возило “опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(45) од Скопје, удрило во дрвена бандера, метална конструкција од дворно место и во паркирани патнички возила “цитроен” и “доџ” со скопски регистарски ознаки. Увид бил извршен, а по преземени мерки констатирано е дека имал 1,47 промили алкохол во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи: