Во вечерашната емисија „Директно“ зборуваше Тони Јаревски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и магистер по економски науки. Тој истакна дека законите треба да се почитуваат, и сите страни да бидат задоволени во донесување на одлуките.
„Ќе се трудиме да се исполнат колективните договори, законските одредби, и легислативата која ја детерминира оваа проблематика. Во тој дел целосно се сложувам. Самата легислатива е направена за да може да се направи основа сите права да бидат задоволени, а од друга страна да имаме основа за развој на државата. Законите треба да се почитуваат. Јас се сеќавам кога се донесе формулата. Ова не е изолиран остров. Сите страни да седнат и да бидат задоволни во донесување одлуки за овој процес“, изјави Јаревски.
Дополнително тој истакна дека неговиот став е насочен кон зголемување на просечната и максималната, но не и на минималната плата.
„Предвидено е 7% раст на платите и 10% раст на пензиите, така да од тој аспект јас не би сакал генерално фокусот да биде на минималната плата, но сум за зголемување на просечната и максималната плата“, рече Јаревски.



