Опожарени се две хали на конфекција во Кавадарци

Опожарени се две хали од магацински простор на конфенција во Кавадарци, информираат од Територијалната противпожарна единица – Кавадарци.

Пожарот избувна утрово, а на терен веднаш се упатија кавадаречките пожарникари, по што спречија тој да се прошири и на останатите магацински простории.

„Изгоре покривот на двете хали, но добро е што тој не се прошири и на соседните простории. Дејствувавме со три противпожарни возила и девет пожарникари“, соопштија од ТППЕ Кавадарци.

Оттаму велат дека нивните екипи се уште се на терен, со цел да ја следат состојбата.

Пронајдете не на следниве мрежи: