„ЦЕЛТА Е РУСИЈА И КИНА НИКОГАШ НЕ СТЕКНАТ ОСНОВА НА ГРЕНЛАНД“ НАТО објави продолжување на преговорите за Гренланд по „многу продуктивната“ средба Трамп-Рута (ФОТО)

НАТО објави продолжување на преговорите за Гренланд по „многу продуктивната“ средба на американскиот претседател Трамп со генералниот секретар на Алијансата Руте

Преговорите меѓу Данска, Гренланд и САД ќе „продолжат“, изјави синоќа портпаролката на НАТО, Алисон Харт, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се откажал од воведување царини за европските земји.

Тој го стори тоа по „многу продуктивниот“ состанок со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по неговиот говор во Давос  на Светскиот економски форум.

„Дискусиите меѓу сојузниците на НАТО за рамката што ја спомена претседателот Трамп ќе се фокусираат на обезбедување на безбедноста на Арктикот преку колективните напори на сојузниците, а особено на седумте арктички сојузници“, рече Харт, според Си-Ен-Ен.

„Преговорите меѓу Данска , Гренланд и САД ќе продолжат со цел да се обезбеди Русија и Кина никогаш да не добијат економска или воена основа во Гренланд“, додаде таа.

Трамп претходно изјави дека тој и Руте „создале рамка за иден договор во врска со Гренланд и целиот арктички регион“.

Деталите од рамковниот договор не се познати, а кога беше замолен да каже за што станува збор, Руте им рече на новинарите: „прочитајте ја објавата на Трамп на Truth Social и ќе видите сè“.

The post „ЦЕЛТА Е РУСИЈА И КИНА НИКОГАШ НЕ СТЕКНАТ ОСНОВА НА ГРЕНЛАНД“ НАТО објави продолжување на преговорите за Гренланд по „многу продуктивната“ средба Трамп-Рута (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: