Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека во Обединетите Арапски Емирати се одржал состанок на американската, украинската и руската делегација и дека е важно Русија да биде подготвена да ја заврши војната што ја започна, а и Украина сака таа војна да заврши.
– Украинските претставници ми се јавуваат речиси секој час – тие моментално се во Емиратите. Денес, украинската, американската и руската делегација се таму, разговорот веќе се одржа. Ова е важно, бидејќи долго време немало вакви трилатерални формати на состаноци. Се дискутираат параметрите за завршување на војната. Сега треба да имаат барем дел од одговорите од Русија, а главната работа е дека Русија е подготвена да ја заврши оваа војна, која ја започна сама – рече Зеленски во синоќешното обраќање, пренесува Укринформ.
Тој рече дека позициите на Украина се јасни и дека ја дефинирал рамката за дијалог за украинската делегација.
– Делегацијата е постојано во контакт – Рустем Умеров, Кирило Буданов, Давид Арахамија, Серхиј Кислиција. Генерал Хнатов, началник на Генералштабот и претставник на Службата за разузнавање на Министерството за одбрана (ГУР) Скибицки ќе се приклучат на преговорите утре – рече Зеленски.
Според него, сè уште е прерано да се извлекуваат заклучоци од содржината на трилатералниот состанок одржан синоќа во Обединетите Арапски Емирати.
– Ќе видиме како ќе се одвива разговорот утре, какви ќе бидат резултатите. Потребно е не само да постои украинска желба да се заврши оваа војна, да се постигне целосна безбедност, туку и слична желба некако да се појави во Русија – рече Зеленски.
The post Итнo обраќање на Зеленски! Русија и Украина се подготвени да ја завршат војната: Очите на целиот свет се вперени во Абу Даби appeared first on Во Центар.



