Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила во полиција дека била измамена и останала без 30.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата поднесена во Полициската станица Виница, на 23 јануари 2026 година, околу 08:50 часот, непознато лице се претставило како доктор од Словенија. Тој ѝ кажал дека нејзината ќерка, која наводно живеела и работела во Словенија, се здобила со сериозни повреди и итно ѝ е потребна операција, за што е потребна голема сума пари.
Жената, верувајќи во оваа информација, подигнала 30.000 евра од банката и ги предала парите на лице кое дошло во нејзиниот двор да ги подигне. Подоцна, откако ја контактирала ќерка си, сфатила дека била измамена.
The post Лажен доктор од Словенија зел 30 илјади евра од 86-годишна жена од Виница appeared first on Во Центар.



