Маж и жена се степале за паркинг на гробиштата во Ѓорче

На гробиштата во Ѓорче Петров вчера се случила тепачка за паркинг место меѓу маж и жена. Во инцидентот жената употребила тврд предмет, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60)“ соопшти МВР.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање ќе следува соодветна пријава против сторителите.

Пронајдете не на следниве мрежи: