„Па, ова не е несоодветно“ Видео од Викторија Бекам како танцува со својот син го преплави интернетот: По оваа сцена, никој повеќе не му верува на Бруклин (ВИДЕО)

Во шокантно соопштение на 19 јануари, Бруклин ја обвини својата мајка за „несоодветно однесување“ на денот на неговата венчавка со Никола Пелц во 2022 година.

„Инстаграм точно знае што прави кога денес го објавува ова видео. Никогаш порано не сум го видел на фидот“,  „Ова не е несоодветно, не верувам Бруклин! Пораснавме со Вики Б… ние сме со неа“… Ова се само дел од коментарите под видеото во кое Круз Бекам танцува со својата мајка Викторија на песната „Old Time Rock and Roll“ од Боб Сегер.

Видеото деновиве е коментирано и споделувано од многумина – но не поради музиката или танцувањето. Објавата стана вирална по сериозните обвинувања упатени кон Викторија од нејзиниот најстар син, Бруклин Бекам .

Во галеријата погледнете како изгледаше танцот на Викторија Бекам и Круз Бекам, кој сега стана вирален:

Во шокантно соопштение на 19 јануари, Бруклин ја обвини својата мајка за „несоодветно однесување“ на денот на неговата венчавка со Никола Пелц во 2022 година. Во соопштението, тој рече дека повеќе не сака контакт со своите родители, а спорниот момент, според неколку извори, се случил непосредно пред првиот танц на младенците.Анкета

Според „Пејџ Сикс“ и „ТМЗ“, сведоците тврдат дека нејзиниот танц бил „премногу интимен“ и „несоодветен за однос мајка-син“, што наводно го понижило Бруклин и предизвикало шок кај гостите. Исто така, се вели дека Никола го напуштила подиумот за танцување во солзи.

View this post on Instagram A post shared by CRUZ (@cruzbeckham)

Видеото постои, но го имаат само двајца

Иако веќе некое време се шпекулираше за тој момент, според американските портали, видеото ексклузивно го зачувале Бруклин и Никола. Видео компанијата што ја снимала свадбата потпишала строг договор за неоткривање информации и ги избришала сите други копии.

Во галеријата прочитајте ја шокантната изјава на Бруклин Бекам во која го нападна своето семејство:

The post „Па, ова не е несоодветно“ Видео од Викторија Бекам како танцува со својот син го преплави интернетот: По оваа сцена, никој повеќе не му верува на Бруклин (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: