Тензично на почетокот на рочиштето за Пулс

Тензично денеска на почетокот на судското рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Судијката Диана Груевска Илиевска ги предупреди родителите на загинатите да го почитуваат редот во судницата, по реакциите меѓу нив и адвокатката на првообвинетиот во случајот.
Судијката рече дека без ред, нема да има судење посочувајќи дека го судела и случајот со автобуската несреќа со „Дурмо турс“, но дека таму семејствата на загинатите биле коректни.
Адвокатката на првообинетиот Дејан Јованов побара исклучување на јавноста доколку дојде до ново нарушување на редот во судницата.
Таа во саботата побара од институциите да преземат мерки затоа што нејзиниот лик бил злоупотребен на постерот што беше носен на Маршот на ангелите по што денеска еден од родителите во изјава за медиумите пред рочиштето рече дека Коцевска сама се препознала на постерот, а тие не посочиле никого со име.
– На постерот не се препознавате само вие, се препознаваат и други лица кои имаат физичка сличност со ликот, но никој од нив не реагираше ниту ја толкуваше пораката како напад, изјави Александар Наунов, родител на загинато дете во пожарот.
На денешното рочиште сведочат преживеани во пожарот.
Во пожарот во „Пулс“ на 16 март лани загинаа 63 лица, на над 200 беа повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: