Досега четири кандидатури за државен јавен обвинител

Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатурите за државен јавен обвинител. Од Собранието информираат дека досега пристигнати се четири кандидатури но не ги откриваат имињата на кандидатите.
Потврда дека доставиле кандидатури засега има од судијата Ненад Савески и јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, а меѓу кандидатите се споменува и името на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.
Новиот државен јавен обвинител треба да има најмалку 10-годишно работно исксутво, а секој до кандидатите треба да биде оценет од Советот на јавни обвинители кои потоа треба да испратат список со имиња до Владата која пак ќе избере еден кандидат кој ќе го наследи доскорешниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој си даде неотповиклива оставка од функцијата истиот ден кога за неговото разрешување требаше да се дебатира во Собранието.
Коцевски обвини дека неговото разрешување е од политички причини и без аргументи.
– Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука, затоа денеска поднесов неотповиклива оставка, рече тогаш Коцевски.
Коцевски ја извршување функцијата неполни две години откако беше избран на 13 февруари 2024 година.
Во моментот, вршител на должноста државен јавен обвинител е Анита Тополова Исајловска.

Пронајдете не на следниве мрежи: