Бруталното убиство пресуди: Доналд Трамп најави повлекување на агентите од Минесота

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека службениците на Агенцијата за имиграција (ICE) потенцијално наскоро ќе се повлечат од Минесота, откако агент уби демонстрант минатата недела.

Во интервју за „Волстрит џурнал“, Трамп не одговори дали ја осудува постапката на неименуваниот агент кој го уби демонстрантот Алекс Прети со неколку куршуми.

Сепак, тој изјави дека одлуката за испраќање агенти на ICE во Минесота се преиспитува и дека може да биде повлечена во наредниот период.

„Тие ќе си одат во одреден момент. Мислам дека завршија феноменална работа“, рече Трамп, додавајќи дека претставниците на ICE ќе бидат заменети со „различна група луѓе“ кои треба да ја истражат наводната „масовна измама“ за која неговата администрација ги обвинува поединци од Минесота.

Тој, исто така, го критикуваше Прети за тоа што имал пиштол на овој протест. Вреди да се напомене дека во Минесота е легално да се поседува и носи огнено оружје.

„Не сакам пукање, не сакам пукање, но исто така не ми се допаѓа кога луѓето доаѓаат на протести со моќно оружје и два шаржери“, додаде тој.

Фактот дека Прети имал оружје го искористиле порадикални членови на администрацијата на Трамп, како што е неговиот близок соработник Стивен Милер, како оправдување за ова убиство.

Сепак, снимката откри дека му било одземено оружјето пред сè уште неидентификуван офицер на ICE да испука неколку куршуми во него, убивајќи го на местото на настанот.

Поради ова убиство, особено поради фактот што некои членови на тимот на Трамп се обидоа да го оправдаат, имаше уште помасовни протести во Минесота, но и во други делови од САД.
The post Бруталното убиство пресуди: Доналд Трамп најави повлекување на агентите од Минесота appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: