Британскиот весник „Дејли меил” објави нови информации за здравствената состојба на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, што повторно ја разбранува спортската јавност ширум светот. Седумкратниот светски шампион, кој пред повеќе од 12 години претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше на француските Алпи, моментално престојува на Мајорка, каде што се наоѓа на луксузниот имот „Лас Брисас“, чија вредност се проценува на повеќе од 30 милиони евра.
Британски таблоиден новинар го посетил имотот на семејството Шумахер и, како што наведува, добил информации од неколку извори кои се добро запознаени со ситуацијата. Она што особено го привлече вниманието е фактот дека Шумахер не бил прикован за кревет, за што често се шпекулираше во јавноста со години.
Сепак, здравствената состојба на славниот Германец е сè уште многу сериозна. Шумахер не може сам да оди, туку се движи низ вилата со помош на инвалидска количка, постојано придружуван од медицински персонал и терапевти. За него се грижи тим кој е ангажиран 24 часа на ден, а комплетната грижа, според „Дејли меил”, чини десетици илјади евра неделно.
Откако се случи несреќата што го шокираше светот, неговата сопруга Корина донесе одлука состојбата на својот сопруг да ја чува во тајност.
Јавноста не смее да ги види деталите, а само многу мал круг луѓе имаат можност да го посетат.
Со текот на годините, кружеа бројни гласини, од тврдења дека е во кома до приказни за кои не може да комуницира, но семејството на Шумахер никогаш официјално не коментираше за неговото здравје, останувајќи доследни на својата одлука да ја држат борбата на Михаел подалеку од очите на јавноста.
The post Откриени нови детали за состојбата на Михаел Шумахер! Легендарниот возач не е прикован за кревет, еве каде е appeared first on Во Центар.



