МВР информира дека вчера околу 17:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Васил Ѓоргов“ и улицата „Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К.(59) од Скопје.
Како што информираат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната Б.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.



