Зголемен водостојот на Лепенец, Пчиња и Кумановска река

Водостојот на река Струмица е во намалување, но се уште е можно на поедини места во Струмичкото Поле да има локални заезерувања.

Во горниот дел на сливот ќе продолжи намалувањето на водостојот а утринава се очекува водите да стигнат во крајниот долен дел од сливот, но поради веќе истечените води на притоките, река Водочница и река Тркања, ќе нема поголемо зголемување на водостојот во долниот дел на сливот.

Како резултат на врнежите од Косово, утринава е зголемен водостојот на река Лепенец.

Исто така, и на река Кумановска е регистриран прилично висок водостој и ќе биде висок во наредните часови но до крајот на денот треба да се намали.

Во текот на ноќта зголемување имаше и на водостојот на река Брегалница во горното течение на реката, а зголемен водостој има и на река Пчиња и река Крива.

Иако со зголемени водостои, во моментов состојбата со излевање на водотеците низ земјава е стабилна и така се очекува да продолжи до крајот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи: